02.12.2017 Ништо од Европа, Лима останува во Бразил
Бразилскиот фудбалер Лукас Лима, кого го бараше пола Европа, одлучи од Сантос да направи трансфер во редовите на ривалот Палмеирас.
Овој 27-годишен играч за врска беше цел на Интер, Милан, Реал Мадрид, Барселона и на многу други европски клубови, но остана во татковината и потпиша петгодишен договор со Палмеирас.
Во новиот клуб доаѓа како слободен играч бидејќи му истече соработката со Сантос, чиј член беше речиси четири години.
Претходно настапуваше за Спорт Ресифе и Интернасионал, а дресот на репрезентацијата на Бразил го носеше 14 пати и постигна два гола.