31.8.2016 Габигол во Интер за 28 милиони евра
Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса, познат како Габигол, потпиша петгодишен договор со Интер, соопшти италијанскиот клуб.
Габигол во Интер стигна од бразилскиот Сантос, а италијанските медиуми наведуваат дека за него е издвоена сума од 28 милиони евра.
Напаѓачот кој некои стручњаци во Бразил го опишаа како новиот Нејмар досега одигра четири натпревари за бразилската репрезентација и постигна два гола.
Тој беше во олимписката репрезентација на Бразил која во Рио де Жанеиро го освои златниот медал.
Габигол со клубот од Милано договорот го потпиша на својот 20-ти роденден.