Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2016

Сантос најдобар селектор, а Симеоне најдобар тренер во 2016 година

Фернандо Сантос, селекторот на Португалија, е прогласен за најдобар селектор на светот за 2016 година, додека Диего Симеоне од Атлетико Мадрид за најдобар тренер.

Двајцата триумфираа во изборот на Институтот за фудбалска историја и статистика.
Сантос признанието го доби бидејќи со националниот тим ја освои шампионската титула на Европа на шампионатот во Франција, со победата од 1-0 во финалето над домашната селекција, по продолженијата со голот на Едер.
Сантос доби вкупно 199 бодови, 128 повеќе од Ларс Лагербек, селекторот на Исланд и најголемо изненадување на ЕВРО.
Третото место го зазеде Германецот Јоахим Лев, четврт е Крис Колмен од репрезентацијата на Велс, а потоа следуваат: Дидие Дешамп (Франција), Антонио Конте (Италија), Анте Чачиќ (Хрватска)...
Кај тренерите, Симеоне само за пет поени го победи Зинедин Зидан, човекот од кого изгуби во овогодишното финале на Лигата на шампионите по пеналите.
Трет е Клаудио Раниери по сензационалната титула на Премиер лигата со Лестер, Хосеп Гвардиола е четврти по водењето на Баерн Минхен и на Манчестер сити, а потоа следуваат: Унаи Емери (ПСЖ/Севилја), Луис Енрике (Барселона), Јирген Клоп (Ливерпул)...

Најнови вести