Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2017

Роналдо ќе одмара против Нов Зеланд

Фернандо Сантос, селекторот на Португалија, изјави дека размислува да го изостави Кристијано Роналдо од тимот за натпреварот против Нов Зеланд во третото коло од Купот на конфедерациите.

Роналдо е во центарот на вниманието претходните дена поради обвинението дека затаил данок од 15 милиони евра во Шпанија, а судењето му почнува на 31-ви јули.
Сантос изјави дека на Купот на конфедерациите ќе ја ротира екипата за третиот натпревар во последните седум дена на турнирот, но не откри дали ќе игра Роналдо.
„Сите сакаат да го гледаат Кристијано Роналдо, дури и јас сакам да го гледам Кристијано Роналдо. Не знам дали ќе играме со Кристијано. Ќе има ротации, тоа сигурно можам да го кажам“, изјави Сантос.
Португалија со Нов Зеланд игра денес, од 17 часот, а потребен ѝ е бод да се пласира во полуфиналето на натпреварувањето кое претставува увертира за Светското првенство во Русија следната година.
„Имате помалку од 72 часа да закрепнете, тоа не е лесно“, изјави Сантос за патувањата на неговиот тим во три различни руски града во текот на седум дена.
Единствениот новинар од Нов Зеланд кој ја следи репрезентацијата на Купот на конфедерациите изјави дека повеќе од четири милиони луѓе сакаат да го видат Роналдо како прв пат игра против нивната екипа.
„Многу, многу милиони луѓе секојпат сакаат да го гледаат Кристијано како игра и се заинтересирани. Мило ми е што е така и на Нов Зеланд“, изјави селекторот на Португалија.

 

Најнови вести