23.6.2015 Лусио во наредната сезона во индиската Гоа
Лусио, поранешниот репрезентативец на Бразил, наредната сезона ќе го носи дресот на Гоа, соопшти индискиот суперлигаш.
Лусио оваа година играше за Палмеирас, а во новиот клуб дојде по препорака на тренерот Зико.
Минатата сезона Гоа беше елиминирана во полуфиналето на домашниот шампионат од Атлетико од Калкута, а екипата ја предводеше некогашниот тандем на Арсенал, Робер Пирес – Андре Сантос.
Лусио во текот на кариерата играше за: Интер, Баер од Леверкузен, Баерн од Минхен, Јувентус и Сао Пауло.
За репрезентацијата на Бразил забележа 105 настапи, постигна четири гола и во 2002 година стана светски шампион.