27.8.2012 Долга пауза за Лусио
Лусио, бразилскиот фудбалер на Јувентус, би можело да ја пропушти целата сезона поради повреда на глуждот, пренесоа италијанските медиуми.
Лусио се повреди во петокот и не беше во конкуренција за натпреварот од првото коло на Серија А, во кој Јувентус дома ја совлада Парма со 2-0.
„Лусио мораше да го напушти тренингот бидејќи го свитка зглобот. Вчера беше прегледан и на снимките се гледа големо оштетување“, стои во соопштението на интернет-страницата на „црно-белите“ од Торино.
Не е познато колку ќе отсуствува Лусио од теренот, но постои опасност дека Бразилецот, кој ова лето дојде од Интер, можно е да пропушти голем дел од сезоната.