04.7.2012 Лусио потпиша за Јувентус
Бразилскиот централен одбранбен фудбалер, Лусио, кариерата ќе ја продолжи во Торино, соопшти италијанскиот шампион.
Лусио ги мина лекарските прегледи, по што потпиша повеќе годишен договор, а финансиските детали не се соопштени. Претходните три години Бразилецот беше играч на Интер со кого ја освои Лигата на шампионите и стана светски клупски првак.
Во дресот на „неро-азѕурите“ одигра 136 натпревари и постигна пет голови, а пред тоа беше фудбалер на Баерн Минхен, Баер Леверкузен и на бразилскиот Интернасионал. Со националниот тим на Бразил пред десет години стана и светски шампион.
Јувентус на својата интернет страница соопшти и дека деветнаесет годишниот голман Никола Леали, кој во Торино пристигна од Бреша, потпишал петгодишен договор. Пред неколку дена „старата дама“ од Удинезе ги донесе репрезентативецот на Гана, Асамоа Квадве и Чилеанецот Маурисио Исла.