Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2016

Бока преку пенали до полуфиналето

Познати се трите учесници во полуфиналето од јужноамериканската Лига на шампиони - Копа Либертадорес.

Последниот тим кој го обезбеди пласманот меѓу четирите најдобри тимови е аргентинскиот  Бока јуниорс, кој по пеналите го елиминираше Насионал со 1-1 (0-1) и 4-3 на пенали.
По ремито во првиот натпревар во Монтевидо гостите стигнаа до водство на преполната „Бонбониера“ со автоголот на Даниел Дијас во 21-та минута. Од тој момент домаќините почнаа да напаѓаат во бранови, но Насионал успешно им одолеваше.
Сепак, така беше до 73-тата минута, бидејќи по асистенцијата на Леонард Хар, Кристијан Павон погоди за изедначување. Во останатите 50 минути игра немаше повеќе голови, иако Бока имаше уште неколку одлични шанси, за на крајот победникот да биде одлучен со пенали.
Полента погоди за Насионал, Тевес изедначи, а неуспешни акции немаше сè до крајот на третата серија, кога Пабло Перес беше непрецизен. Следните три шутеви на двете страни не завршија во мрежата, а Франк Паласиос ја прекина серијата неуспеси.
Трагичар во тимот од Уругвај беше Фелипе Карбалјо, чија непрецизност веќе во следната серија беше казнета од Фадерико Карисо и неговиот тим помина понатаму.
Еден ден порано, своето место во полуфиналето го обезбеди Сао Паоло, и покрај поразот на гостувањето на Атлетико Минеиро (2-1), бидејќи првата средба ја реши во своја корист со минимален резултат.
Во самата завршница на Либртадорес нема да се најде и еден тим од Колумбија бидејќи Атлетико Насионал по вистинската драма го исфрли Росарио сентрал.

Најнови вести