Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2015

Почна клупското СП, Барселона и Ривер плате фаворити

Денеска почна Светското клупско првенство во Јапонија на кое се очекува финале меѓу шампионот на Европа, Барселона и шампионот на Јужна Америка, Ривер плате.

Турнирот ќе се одигра во Осака и Јокохама, а шпанскиот и аргентинскиот гигант ќе се обидат да ги изненадат кинескиот Гвангжу Евергранде, мексиканскиот Клуб Америка, Мазембе од Конго, Оукленд сити од Нов Зеланд и домаќинот Хирошима Санфрече.
Според системот на натпреварувањето Барселона и Риверплате веќе се во полуфиналето, Каталонците го чекаат расплетот од дуелот меѓу Америка и Гвангжу, додека пресметка со Риверплате ќе бара Мазембе и Хирошима која денеска го победи Оукленд кој со 2-0.
Барселона е апсолутен фаворит, иако шампионот на 2009 и 2011 ќе биде ослабен во полуфиналето со отсуството на Нејмар да Силва, кој се повреди на тренинг оваа седмица и ќе мора да паузира најмалку седум денови.
Светското клупско првенство повторно се игра во Јапонија, прв пат од 2012 година, а минатите две години турнирот беше одржан во Мароко.
Финалето на ФИФА Светското клупско првенство е на програмата од 20 декември.

Најнови вести