Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2015

Меси и Нејмар подготвени за финалето со Ривер

Лионел Меси и Нејмар, двајцата најдобри фудбалери на Барселона, ќе бидат подготвени за финалето на Светското клупско првенство.

Меси го пропушти полуфиналето со Гвангжу поради болки предизвикани од камен во бубрегот, додека Нејмар ги повреди препоните непосредно пред заминувањето во Јапонија.
Иако постоеше шанса дека и двајцата ќе го пропуштат дуелот за трофејот против Ривер плате, шпанското радио „Кадена Копе“ јави дека напаѓачите ги надминале проблемите.
Аргентинецот по детални прегледи во болница добил дозвола да се врати на тренинзи со екипата, а Бразилецот беше во протоколот и во полуфиналето, но тренерот Луис Енрике не сакаше да ризикува со него.
Во отсуство на Меси и Нејмар се истакна третата ѕвезда на Барселона, Луис Суарес. Уругваецот ги постигна трите гола против Гвангжу и стана единствен фудбалер во историјата кој комплетирал хет-трик на Светското клупско првенство.
Финалето е на програмата во недела во 11:30 часот.

Најнови вести