Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2015

Аларио го прати Ривер плате во финалето на Светското првенство

Фудбалерите на Ривер плате се првите финалисти на Светското клупско првенство откако го победија домаќинот Хирошима со 1-0.

Ривер плате, кој по Барселона е главниот фаворит за титулата, се мачеше во текот на целата средба, но успеа да ја искористи единствената шанса и преку Лукас Аларио да дојде до триумф.
Напаѓачот на аргентинскиот тим ја искористи големата грешка на голманот на Хирошима, Хајаши, кој не ја избоксува убаво нафрлената топка и успеа со глава да ја погоди мрежата.
Хирошима одлично му парираше на шампионот на Копа Либертадорес и да не беше киксот во 72-тата минута, веројатно би издржале до продолжението.
Играчите на Марсело Галјардо ќе се борат за титулата против победникот од второто полуфинале во кое Гвангжу ќе ја има за противник Барселона.
Светското клупско првенство се одржува во Јапонија прв пат од 2012 година, а претходните две години турнирот се одржуваше во Мароко.
Финалето на ФИФА Светското клупско првенство е на програмата на 20 декември.
Претходно во текот на денот, во натпреварот за петтото место мексиканската Америка го совлада Мазембе од Конго со 2-1.

Најнови вести