Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2016

Јапонецот Асано во Арсенал

Второто летно засилување на „топчиите“ од Лондон е напаѓачот Такума Асано (21) од Хирошима Санфрече.

По Гранит Џака, младиот Јапонец од Хирошима Санфрече Такума Асано е новото засилување на Арсенал.
За Џака „топчиите“ платија 45 милиони евра, а за Асано милион.
„Такума е исклучително талентиран. Имаше импресивен старт во кариерата во Јапонија и многу се радувам на соработката со него“, изјави менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.
Асано минатата сезона е прогласен за најдобар нов играч во јапонската лига, на 34 натпревари постигна девет голови.
За репрезентацијата дебитираше во Јапонија минатиот август и од тогаш одигра пет натпревари.
Асано ќе биде третиот јапонски фудбалер кој ќе го носи дресот на Арсенал, претходните двајца беа Јуниџи Инамото и Рио Инамичи.

 

Најнови вести