Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2013

Игуаин летово го напушта Реал

Според зборовите на Хозе Анхел Санчес, директорот на Реал од Мадрид, аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин е еден од играчите кои следната сезона нема да бидат во соблекувалната на кралскиот клуб.

„Во голем клуб каков што е Реал Мадрид се претпоставува дека ќе има место за двајца или тројца квалитетни играчи на позицијата број девет. Тоа беа Бензема и Игуаин. Игуаин ќе замине, Бензема ќе остане, а двајца други ќе дојдат“, изјави Санчес за медиумите.
Игуаин во Реал стигна во 2007 година од Ривер плате, а оваа сезона постигна 15 голови во 38 настапи во сите натпреварувања. Актуелниот договор го врзува до 2016 година.
Што се однесува до потенцијални засилувања, Реал најмногу се споменува во контекстот на доведување на Герет Бејл од Тотенхем и на Серхио Агеро од Манчестер сити.

Најнови вести