Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2015

Барселона против Америка или против шампионот на Азија

Фудбалерите на Барселона во полуфиналето на Светското клупско првенство во Јапонија ќе играат против победникот во дуелот меѓу мексиканската Америка и победникот во Лигата на шампиони во Азија, одлучено е вчера на ждрепката во Цирих.

Барселона и Ривер плате како континентални шампиони обезбедија директен пласман во полуфиналето, а аргентинскиот гигант во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот меѓу Оукленд сити и победникот на Лигата на шампиони во Африка.
Натпреварувањето почнува на десетти декември, а финалето се игра десет дена подоцна во Јокохама. Минатата сезона трофејот го освои Реал Мадрид со победата од 2-0 над аргентинскиот Сан Лоренцо.

Најнови вести