01.12.2012 Ривер Плате има нов тренер
Рамон Диас го наследи Матијас Алмеида на клупата на аргентинскиот фудбалски гигант Ривер Плате.
На некогашниот напаѓач на Ривер ова му е трет пат да седне на клупата на овој клуб, а во претходните два мандати педесет и тригодишниот стручњак освои пет шампионски титули, Копа Либертадорес (1996 година) и Јужноамериканскиот Суперкуп (1997 година).
Клубот од Буенос Аирес кој досега има 33 шампионски титули во Аргентина сезонава се врати во Првата лига, но по 17 натпревари има само 23 бода и е на десеттото место на табелата.
Минатата сезона Ривер Плате испадна по прв пат од елитната аргентинска лига во својата богата 110 годишна клупска историја.