Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2012

Макси Лопес во Милан

Последните неколку денови за ова се говореше како завршена работа, а официјално беше потврдено вчера.

Макси Лопес, дваесет и седумгодишниот аргентински напаѓач, стана ново засилување за актуелниот италијански шампион Милан.

Инаку, првобитна опција за „росонерите“ беше сонародникот на Лопес, Карлос Тевес, но околу неговата ситуација не успеа да се случи ништо ново, па Милан своето засилување го побара во Катанија, каде што Лопес настапуваше од 2010 година. Сè уште не се обелоденети финансиските детали.

Тој својата кариера ја почна во Ривер плате, од каде што во 2005 година мина во редовите на Барселона, но таму не успеа да се наметне, па по едногодишниот заем во Мајорка замина во рускиот ФК Москва. Неколку месеци потоа тој беше дел од бразилскиот Гремио, пред да замине во Серија А, поточно во Катанија.

Најнови вести