Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2014

Ривер плате го освои Купот на Јужна Америка

Фудбалерите на Ривер плате, прв пат по 17 години, ја освоија континенталната шампионска титула, откако во двомечот беа подобри од колумбискиот Насионал.

Првиот натпревар во Меделин беше завршен со 1-1, а во втората средба во финалето на купот на Јужна Америка Ривер плате го совлада Насионал со 2-0.
Двата гола за Ривер плате, во 54-тата и во 59-тата минута, ги постигнаа дефанзивни играчи – Габриел Меркадо и Херман Песела.
Ривер плате во 2011 година минуваше низ резултатска криза, кога испадна во втората аргентинска лига. Но, кога на кормилото дојде тренерот Рамон Дијас, го врати клубот на вистинскиот пат и Ривер во јуни оваа година ја освои шампионската титула во Клаусура.
Дијас во меѓувреме беше избран за селектор на Парагвај, а клубот го презеде Марсело Галјардо.

Најнови вести