Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2012

Џенова се засилува со играч на Порто

Фернандо Белуски, играчот за врска на Порто, ги пакува куферите и заминува во редовите на италијанскиот клуб Џенова, во кој ќе го мине остатокот од сезоната.

Џенова на крајот од сезоната прва ќе има право да го откупи договорот на Аргентинецот за сума од пет милиони евра.
„Порто ја прифати понудата на Џенова, а што се однесува до мојот клиент, тој нема ништо против да замине за Италија. Единствено што останува е да стигне авионската карта и тој да замине за Џенова. Тоа би требало да се случи денес или најдоцна до утре“, рече Алберто Мео, менаџерот на Белуски.
Аргентинскиот офанзивен играч за врска за Порто оваа сезона, во сите конкуренции, одигра дваесет и шест натпревари. Кариерата ја почна во Њуелс олд бојс, а настапуваше и за Ривер плате и Олимпијакос.

Најнови вести