Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2012

Маскерано го продолжи договорот со Барселона

Хавиер Маскерано, аргентинскиот дефанзивен играч за врска, го продолжи договорот со Барселона до 2016 година.

Каталонскиот клуб во вчерашното соопштение на својата интернет-страница наведе дека оштетата за 28-годишниот играч сега изнесува 100 милиони евра.
Маскерано во Барселона дојде од Ливерпул во август 2010 година за 22 милиони евра.
Оттогаш за клубот од стадионот „Камп ноу“ одигра 97 натпревари.
Аргентинецот има играно и за Ривер плате, Коринтијанс и Вест хем.

Најнови вести