Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2015

Фиорентина остана без Бабакар

Кума Бабакар, фудбалерот на Фиорентина, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, пренесоа италијанските медиуми.

Бабакар се повреди во понеделникот, на натпреварот со Верона во Серија А, кој неговата екипа го изгуби со 1-0.
Напаѓачот од Сенегал поради тоа рано го напушти натпреварот, а лекарските прегледи утврдија дека му се повредени лигаментите, па ќе мора да паузира шест седмици.
Бабакар оваа сезона даде седум голови на 20 натпревари во италијанското првенство.
Винченцо Монтела, тренерот на Фиорентина, ќе има големи проблеми во нападот, со оглед на тоа дека претходно се повредени Џузепе Роси и Федерико Бернардески.

Најнови вести