Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2015

Верона го отпушти тренерот Мандорлини

Италијанскиот клуб Верона го отпушти тренерот Андреа Мандорлини по 14 натпревари без победа оваа сезона во Серијата А.

Одлуката за замената на Мандорлини е соопштена ден по поразот од Фросиноне (3-2), по што клубот остана на последното место на табелата со само шест бодови.
Верона имаше три порази по ред, а шест бодови освои од шест нерешени резултати, па клубот одлучи да му се заблагодари на тренерот кој пред неколку години беше херој во клубот.
Мандорлини во Верона дојде пред пет години и ја доведе во Серијата А од третиот ранг на италијанските фудбалски првенства. Сезоната пред минатата беа десетти, а минатата тринаесетти во Калчо лигата.
Ова беше шеста смена во Серијата А оваа сезона откако Карпи го отпушти, а потоа повторно го ангажираше Фабрицио Кастори, додека пак тренерите ги променија уште и Болоња, Палермо и Сампдорија.

Најнови вести