Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2013

Лука Тони следната сезона во Верона

Поранешниот италијански репрезентативец, триесет и шестгодишниот напаѓач Лука Тони, следната сезона ќе игра во екипата на Верона, новиот член на Серија А.

Тони минатата сезона настапуваше за Фиорентина, клуб во кој играше од 2005 до 2007, пред да замине во Баерн. Во минатото првенство за составот на Винченцо Монтела постигна осум голови на 27 натпревари.
Од Фиорентина замина по истекувањето на договорот и со Верона потпиша едногодишен договор како слободен играч.
Верона минатата сезона го заврши натпреварувањето во Серија Б на второто место со што избори директен пласман во насјилната италијанска лига.
За Лука Тони, кој кариерата ја почна пред 19 години во Модена, ова е веќе 15-ти клуб во кој ќе игра. За италијанската репрезентација одигра 47 натпревари и постигна 16 гола.

Најнови вести