Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2014

Итурбе во Рома за 22 милиони евра

Челниците на Рома објавија дека постигнале договор со Верона за трансфер на Хуан Итурбе.

Дваесет и едногодишниот офанзивен играч за врска мината сезона одигра одлично во дресот на Верона ќе потпише петгодишен договор со „волчицата“ која за него ќе плати 22 милиони евра.
„Рома сака да ја извести јавноста и своите навивачи дека постигна договор за трансфер на Хуан Итурбе од Верона, за сума од 22 милиони евра“, се вели во соопштението на римјаните.
Младиот Аргентинец ќе заработува 2,5 милиони евра годишно, а минатата сезона за Верона одигра 33 натпревари и постигна осум голови.

Најнови вести