Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2017

Џенова го смени тренерот и го врати Јуриќ

Италијанскиот фудбалски прволигаш Џенова го смени тренерот Андреа Мандорлини и на негово место го врати Иван Јуриќ.

Мандорлини доби отказ поради четирите последователни порази во Серија А, последниот од Удинезе (3-0) во гости, а во тој период екипата нема постигнато гол.
Тој на клупата на Џенова беше само два месеца, а интересно е дека токму Јуриќ го наследи, кој исто така доби отказ.
Сега претседателот на клубот Енрико Прециози ја призна грешката и го врати хрватскиот тренер, но не мора да се грижи за опстанок бидејќи Џенова, која се наоѓа на 16-тото место на табелата на италијанското првенство, има девет бодови повеќе од загрозениот Кротоне.
Јуриќ пред да биде тренер на Џенова, ги водеше Кротоне и Мантова.

 

Најнови вести