09.1.2017 Џеко го повреди голманот на Џенова
Матија Перин, голманот на Џенова, нема многу среќа, повторно доживеа повреда на коленото, поради која за него сезоната е завршена.
Тој се повреди на натпреварот против Рома, кога го одбрани силниот удар на Един Џеко, репрезентативецот на Босна и Херцеговина.
Перин летоска поради повреда го пропушти учеството на Европското првенство во Франција, а тоа му падна многу тешко.
Тогаш во прашање беше десното колено, а сега левото. Нема сомнение дека Џенова поради неговото отсуство ќе биде значително ослабена.