Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2015

Инзаги со проблеми, повредени Монтоливо и Де Јонг

Играчите за врска Рикардо Монтоливо и Најџел де Јонг поради повреди ќе го пропуштат дуелот на Милан со Верона во сабота.

Де Јонг поради повреда на задниот дел на бутниот мускул ќе биде надвор од теренот околу десет дена, додека точниот период на закрепнување на Монтоливо треба да се утврди.
Двајцата фудбалери се повредија во натпреварот против Киево, кој Милан во гости го одигра со резултат 0-0.
Италијанските медиуми пренесоа дека натпреварот против Верона е клучен за тренерот Филипо Инзаги за останување на клупата на Милан.
Милан победи само во две од последните пет кола во Калчо лигата, па се наоѓа дури на десеттото место на табелата, со осум бодови од местото кое води во Европа.
Од друга страна, Верона се бори за опстанок, се наоѓа на осум бодови од зоната на испаѓање.

Најнови вести