31.5.2013 Милан го договори Бразилецот Жоржињо
Бразилскиот 21-годишен играч за врска Жоржињо е новото засилување на италијанскиот фудбалски гигант Милан, во чии редови доаѓа од Верона, пишува „Тутоспорт“.
Висината на оштетата како ни должината на договорената соработка засега не се познати, а се верува дека Жоржињо следната сезона ќе остане во редовите на новопечениот италијански прволигаш дополнително да напредува.
Жоржињо оваа сезона во Верона беше константен првотимец, одигра 41 натпревар и притоа постигна два гола.