Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2012

Џилардино од Фиорентина во Џенова

Алберто Џилардино е нов член на Џенова, потврдија од сега веќе неговиот поранешен клуб Фиорентина, чии бои ги бранеше од летото 2008 година.

Светскиот првак со „аѕурите“ од 2006 година во редовите на Џенова доаѓа за оштета од осум милиони евра, а потпиша верност на четири и пол години.
„Фиорентина сака официјално да објави дека ѝ го продаде Алберто Џилардино на Џенова. Клубот сака да му се заблагодари на Алберто за времето поминато со нас и за задоволството што им го подари на навивачите. Му посакуваме сè најдобро до крајот на кариерата“, стои во соопштението на клубот од Фиренца.
За 29-годишниот фудбалер Џенова ќе биде шести различен клуб во неговата кариера по Пјаченца, Верона, Парма, Милан и, секако, Фиорентина. За италијанската репрезентација одигра вкупно 47 натпревари и притоа постигна 17 голови.

Најнови вести