Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2011

Фреј и официјално во Џенова

Францускиот голман Себастијан Фреј, кој последните пет години ги бранеше боите на Фиорентина, потпиша петгодишен договор со Џенова.

Фиорентина го потврди трансферот, но висината на оштетата сèуште не е објавена. Фреј во Џенова би требало да заработува 1.8 милиони евра годишно.

„Потврдуваме дека Себастијан прејде од нашиот клуб во Џенова. Му се заблагодаруваме на неговиот ангажман кај нас и му посакуваме се најдобро во кариерата“ – стои во соопштението на Фиорентина.

Фреј е поранешен голман на Кан, Интер, Верона и Парма, а во редовите на Џенова се приклучува како ново засилување по ангажманот на Александер Меркел и Валтер Бирс.

Најнови вести