Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2015

Трезеге ја заврши играчката кариера

Давид Трезеге, поранешниот истакнат фудбалски репрезентативец на Франција, ја заврши играчката кариера, пренесе шпанскиот спортски дневник „Марка“.

Своевремено еден од најдобрите светски напаѓачи, кој со националниот тим на „триколорите“ во 1998 година ја освои светската шампионска титула, а две години подоцна стана и европски шампион, од фудбалот се збогува по настапите во индискиот клуб Пуна сити.
Триесет и седумгодишниот Трезеге, кој има и аргентинско државјанство, на врвот на кариерата ги бранеше боите на Јувентус, а играше уште за: Монако, Еркулес и Ривер плате.
За трофејниот клуб од Торино настапуваше меѓу 2000 и 2010 година и на 245 натпревари постигна 149 голови.
Трезеге одигра 71 натпревар за репрезентацијата на Франција и постигна 34 погодоци.

Најнови вести