02.8.2012 Салвио од Атлетико Мадрид во Бенфика
Едуардо Салвио, 22-годишниот аргентински крилен напаѓач, премина од Атлетико Мадрид во редовите на Бенфика, во која веќе играше на заем во сезоната 2010/11.
Салвио, кој кариерата ја почна во Ланус, а во Атлетико Мадрид стигна во јануари 2010 година, потпиша петгодишен договор со Бенфика. Износот на оштетата не е објавен, но се верува дека клубот од Лисабон платил околу 10 милиони евра. Познато е дека Бенфика за него постави клаузула за оштета од 60 милиони евра.
Во својот прв престој во Бенфика, тогаш на заем, Салвио во 39 настапи постигна 10 погодоци. Напаѓачот од десното крило запиша пет настапи во дресот на сениорската аргентинска репрезентација.