Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2012

Фудбалер на Сан Лоренцо избоден со нож

Николас Саласар, младиот фудбалер на аргентинскиот Сан Лоренцо, е избоден со нож во тепачка во клупскиот спортски центар, пренесоа локалните медиуми.

До инцидентот дошло кога 15-годишниот Саласар и соиграчите се скарале со група врсници кои во моментот го завршувале тренингот на боречки вештини.
Саласар веднаш бил префрлен во болница, каде што му било утврдено дека повредите на стомакот не се опасни по живот и дека нема оштетување на виталните органи.
Овој инцидент се случи само по четири месеци откако член на локалната банда, незадоволен од резултатите на клубот, го нападна Џонатан Ботинели, одбранбениот играч на Сан Лоренцо.
„Оваа ситуација повеќе не може да се толерира. Случувањата во клубот се многу комплицирани“, рече тренерот на јуниорскиот тим Клаудио Бјаџо.
Сан Лоренцо, десеткратниот шампион на Аргентина и еден од членовите на големата петорка, последната сезона бележи слаби резултати, а во првото коло на Клаусура во петокот изгуби од Ланус со 4-1.