Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2012

Лавеци сè поблиску до ПСЖ

Езекиел Лавеци, напаѓачот на Наполи, е сè поблиску до трансфер во ПСЖ, изјави неговиот агент Ернесто Бронѕети.

Според неговите зборови, аргентинскиот репрезентативец веќе ги пакува куферите и наскоро ќе му се приклучи на богатиот француски клуб.
„Лавеци веќе со едната нога е кај ’светците’. ПСЖ е еден од ретките клубови кои се подготвени да дадат доволен број средства за да го ангажираат овој фудбалер. Верувам дека овој трансфер ќе биде реализиран оваа седмица, можеби и пред финалето на Италијанскиот куп, во кој Наполи игра против Јувентус. Воопшто не се сомневам дека Лавеци ќе го засили парискиот клуб, особено сега кога Интер излезе од трката за него“, рече Бронѕети.
Аргентинецот во 2007 година дојде од редовите на Сан Лоренцо, а заедно со Единсон Кавани и Марек Хамшик се најзаслужни за добрите резултати на „наполитанците“ изминатите две сезони.

Најнови вести