Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2012

Кордоба го напушта Интер на крајот на сезоната

Иван Рамиро Кордоба, 35-годишниот колумбиски одбранбен фудбалер, објави дека на крајот на сезоната го напушта Интер од Милано по 13 години минати во клубот.

Кордоба преку интернет-страницата на клубот ги извести навивачите на „нераѕурите“ за своето напуштање на „Сан Сиро“ непосредно пред големото градско дерби против Милан.
Колумбискиот фудбалер во Интер дојде во јануари 2000 година од Сан Лоренцо со оштета од 16 милиони евра. Оттогаш со „нераѕурите“ освои пет титули во Серија А, четири Купови на Италија, три италијански Суперкупови, една Лига на шампиони и едно Светско клупско првенство.
Кордоба ќе го напушти Интер како слободен играч бидејќи актуелниот договор му истекува на крајот на јуни, а каде ќе ја продолжи кариерата, засега не е познато.
За колумбиската репрезентација од 1997 година собра 67 настапи, а како капитен ја предводеше до титулата на Копа Америка во 2001 година.

Најнови вести