Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2011

Сан Лоренцо го смени тренерот

Сан Лоренцо, еден од клубовите на големата петорка на аргентинскиот фудбал, се одлучи да го смени тренерот Омар Асад по последниот неуспех.

Во неделата Сан Лоренцо на домашен терен загуби од Унион Санта Фе со 1-0, што беше негов петти пораз во осум одиграни натпревари на домашен терен во Апертура оваа сезона.
Сан Лоренцо сега се наоѓа на 15-тото место на првенствената табела со 15 освоени бодови.
„Овде дојдов со многу надеж, но не успеа. Тоа ќе биде трн во мојата пета. Сепак, мирен сум бидејќи се обидов и работев напорно, но никогаш не успеавме да ги направиме работите онака како што требаше“, рече 40-годишниот Асад, кој клупата на Сан Лоренцо ја презеде пред пет месеци, а сега ја напушти по протестот на навивачите на клубот кои бараа како негова, така и оставка на управата на клубот.
Асад е шести тренер кој во актуелната сезона на Апертура остана без работа. Името на неговиот наследник сè уште не е познато.