Мартин Палермо во својот прв тренерски ангажман ќе седне на жешката тренерска клупа на Годој.
Тазе пензионираниот Мартин Палермо стана нов тренер на Годој Крус. Палермо, кој во Аргентина и ширум светот е познат по прекарот Ел Локо (Лудакот), го замени Омар Асад и ја презеде екипата која не знае за победа на последните осум натпревари. Триесет и деветгодишниот Палермо копачките ги обеси пред година и пол и по прв пат ќе седне на жешката тренерска клупа. Нему ќе му асистира довчерашниот соиграч Роберто Абондансиери, а наскоро и Роландо Скјави од Бока јуниорс, кој ќе се пензионира на крајот на шампионатот.
Поврзани вести