Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2011

Маделон нов тренер на Сан Лоренцо

Четириесет и осумгодишниот Леонардо Маделон е избран за нов тренер на аргентинскиот фудбалски прволигаш Сан Лоренцо, два дена откако Омар Асад е сменет од таа должност.

Маделон е поранешен играч на Сан Лоренцо и во текот на тренерската кариера водеше неколку клубови коишто беа пред испаѓање од лигата, како што се: Росарио сентрал, Олимпо, Химнасија и Есгриме и Килмес.
Сан Лоренцо спаѓа во големата петорка на аргентинскиот фудбал, покрај Бока јуниорс, Ривер плате, Индепендиенте и Расинг клуб.
Во овој момент Сан Лоренцо се наоѓа на петнаесеттото место на првенствената табела, која брои 20 клубови и има освоено 15 бодови досега, дури 18 помалку од лидерот Бока.

Најнови вести