Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2013

Забалета во Манчестер сити до 2017 година

Пабло Забалета, 28-годишниот аргентински одбранбен фудбалер на Манчестер сити, потпиша четиригодишно продолжување на договорот со „граѓаните“.

Најдобриот играч на Сити од минатата сезона во изборот на навивачите на „Етихад“ стигна во 2008 година од Еспањол и оттогаш настапи 175 пати за клубот.
„Овде сум веќе пет години и се чувствувам како дома. Потпишувањето на продолжението на договорот ме прави многу среќен. Се чувствувам одлично, ја сакам Премиер лигата и мислам дека Манчестер сити е еден од клубовите кој цели на успех во иднина“, изјави Забалета, кој новиот договор го потпиша непосредно пред отворањето на новата премиерлигашка сезона и натпреварот против Њукасл, кој англискиот вицешампион го доби со убедливи 4-0.
Претходно пред Еспањол и Сити, Забалета ги бранеше боите и на Сан Лоренцо. За аргентинската репрезентација досега настапи на 31 натпревар.

Најнови вести