Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2013

Уапсен голманот на Сан Лоренцо

Пабло Милјоре, голманот на аргентинскиот фудбалски клуб Сан Лоренцо, е уапсен од тамошната полиција по натпреварот од седмото коло на Клаусура и поразот од Њуелс олд бојс од 1-0.

Милјоре е уапсен под сомнение дека прикрил информации врзани за смртта на 56-годишниот Ернесто Цирина од 2011 година, за кого полицијата го осомничи Максимилијан Мацаро, член на навивачката група на Бока јуниорс, „бара брава“.
Таа навивачка група се поврзува со хулиганство и насилно однесување на и надвор од стадионите, а Мацаро беше еден од водечките луѓе на групата. Мацаро, наводно, со помош на уште двајца членови на групата, го претепал споменатиот Цирина, кој потоа им подлегнал на повредите.
„Милјоре беше многу изненаден од апсењето. Ќе бараме од полицијата да биде пуштен, а клубот ќе го почитува неговиот договор“, изјави претседателот на Сан Лоренцо, Матијас Ламенс.
Милјоре ништо не искоментира по апсењето, додека неговиот адвокат негира дека познавал членови на навивачката група на Бока јуниорс, клубот за кого Милјоре играше до 2008 година.

Најнови вести