Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2013

Аргентина остана и без Гаго за мечот со Перу

Поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, Фернандо Гаго ќе го пропушти претстојниот квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство кој неговата аргентинска репрезентација го игра во сабота против Перу.

Дефанзивниот играч за врска на Бока јуниорс се повреди минатата недела, во дербито против Ривер плате.
На списокот на повредени играчи на репрезентацијата на Аргентина им се приклучи на: Лионел Меси, Гонзало Игуаин и Хавиер Маскерано.
„Гаучосите“ ја предводат табелата на јужноамериканските квалификации со 29 бодови, три повеќе од второпласираната Колумбија.

Најнови вести