Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2013

Гаго од Валенсија прејде во Бока јуниорс

Аргентинскиот фудбалер Фернандо Гаго ја напушти Валенсија и се врати во Бока јуниорс, клубот каде ја почна својата кариера.

Дваесет и седумгодишниот Гаго втората половина на минатата сезона ја помина на позајмица во Велез Сарсфилд, а откако се врати во Валенсија, изразил желба да го напушти клубот од „Месталја“. Тоа и се оствари вчера кога потпиша договор со Бока јуниорс, а Валенсија доби 1,7 милиони евра отштета.
Дефанзивниот играч за врска во 2007 година прејде од Бока во Реал Мадрид за 20,5 милиони евра оштета, но не одушеви во „кралскиот клуб“, па во 2011 година беше позајмен во Рома, а година подоцна Реал Мадрид го продаде на Валенсија.
Гаго досега има одиграно 44 натпревари во националниот дрес.

Најнови вести