Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2014

Вилјареал се засилува од Бока

Шпанскиот клуб Вилјареал соопшти дека нов играч на тимот е Леонардо Суарез, неодамнешниот фудбалер за врска на Бока јуниорс.

Суарез, кој има 18 години, потпишал договор на пет и пол години, а на новите соиграчи ќе им се придружи во февруари следната година, по Купот на Америка за млади играчи.
„Многу сум среќен што направив трансфер во еден од најдобрите клубови во Шпанија, кој негува млади играчи. Отсекогаш сум сакал да играм во Примера лигата и едвај чекам тоа да ми се оствари“, изјави Суарез за интернет-страницата на клубот.
Шпанските медиуми пренесоа дека Вилјареал за младиот талентиран играч платил два милиони евра, како и тоа дека на почетокот ќе игра за тимот Б.
Суарез одигра два натпревари за најсилниот тим на Бока јуниорс, додека за младата селекција на Аргентина настапи 22 пати и постигна 19 голови.

Најнови вести