Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2015

Освалдо и официјално во Бока јуниорс

Дани Освалдо, фудбалерот на Саутхемптон до крајот на сезоната ќе игра на заем во Бока јуниорс.

Освалдо оваа сезона играше на заем во Интер, но не успеа да се избори за место во тимот на тренерот Роберто Манчини и му било речено дека може да си побара нов клуб.
Бидејќи до крајот на зимскиот преоден рок не успеа да најде клуб во Европа, Освалдо отиде во славниот аргентински клуб.
„Фудбалскиот клуб Интер соопштува дека, во договор со Саутхемптон, ја заврши работата околу трансферот на Освалдо на заем во Бока јуниорс“, наведе Интер во соопштението.
Освалдо изјави дека би му се остварил сонот ако игра за Бока.

Најнови вести