Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2015

Тевес одлучил, сака да се врати во Бока

Аргентинецот Карлос Тевес сака да се врати во Бока јуниорс, за што ги известил челниците на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Искусниот напаѓач наводно потпишал тригодишен договор со својот сакан клуб од Буенос Аирес, но Јувентус бара оштета од пет милиони евра.
Даниел Ангеличи, претседателот на Бока, викендов би требало да отпатува во Чиле, каде што Тевес игра во Копа Америка со Аргентина.
Неговите претставници до крајот на оваа седмица би требало да ги решат сите препреки со челниците на Јувентус, коишто се сомневаат во финансиските можности на Бока. И покрај тоа, агентите на Тевес веруваат дека трансферот ќе биде завршен.
Како потенцијални наследници на Тевес во Јувентус се споменуваат Марио Манџукиќ од Атлетико Мадрид и Един Џеко од Манчестер сити.
Јувентус веќе доведе двајца напаѓачи, и тоа Аргентинецот Пауло Дибала од Палермо и Симоне Заза од Сасуоло, а блиску е до трансфер уште еден играч на овој тим, Доменико Берарди, кој е во сосопствеништво со Јувентус.

Најнови вести