Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2015

Проблем за Клиперси: Пол ќе го пропушти првиот натпревар со Хјустон

Крис Пол, плејмејкерот на Лос Анџелес клиперс, вечерва веројатно ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето на Западот против Хјустон рокитс.

Пол го повреди задниот дел на бутниот мускул во седмиот натпревар од серијата со Сан Антониот спарс, којшто тој го реши со неверојатниот кош преку Тим Данкан на една секунда пред крајот на средбата во „Стејпл центарот“.
„Тој е опасно момче, уличен борец. Навистина е таков. Го сакам до смрт поради неговата волја. Не сум сигурен, но се сомневам дека ќе биде подготвен за вечерашниот натпревар“, изјави Док Риверс, тренерот на Лос Анџелес клиперс.
Пол натпреварот го заврши со 27 поени, а иако тој е задолжен за организација во нападот, изгуби само една топка.

Најнови вести