Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2015

Харден горд: Не може секој да се врати од 1-3

Џејмс Харден, најдобриот играч на Хјустон рокитс, изјави дека неговиот тим добил дополнителна самодоверба по големиот пресврт во полуфиналната серија на Западната конференција.

Хјустон губеше со 3-1, но доби три врзани натпревари и успеа да се пласира во финалето на Западот, каде што ќе игра против Голден стејт.
„Нема многу тимови коишто успеале да се вратат од 1-3 и да се пласираат. Тоа ни дава дополнителна самодоверба. По победата над Далас во првата серија, во оваа влеговме порелаксирано. Тоа не беше добро, но се боревме, се вративме во последните три натпревари“, изјави Харден.
Во финалето Хјустон ќе игра против Голден стејт, најдобриот тим од лигашкиот дел на натпреварувањето, љубителите на кошарката ќе имаат шанса да уживаат во дуелите на Стефан Кари, најдобриот играч на сезоната и на Џејмс Харден.
Ова ќе биде 22-ри пат во историјата на НБА-лигата двајца најдобри кошаркари да се сретнат во завршницата на плејофот, а во претходните 14 случаи серијата како победник ја завршувал тимот со МВП кошаркар во своите редови.
Финалето на Западот почнува во среда наутро од три часот според наше време.

Најнови вести