Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2018

Голден стејт подобар во мајсторката, ново финале со Кливленд

Четврта година по ред истите ривали ќе се борат за шампионскиот прстен во НБА.

Седмиот натпревар беше реприза на шестиот меч од Оукленд – на „ракетите“ им недостасуваше Крис Пол и на крајот второто полувреме повторно беше пресудно за Хјустон.
Шампионот ја доби мајсторката во Тексас, повторно направи пресврт во четвртата четвртина за 101:92 и конечни 4-3 во серијата.
Шампионот губеше со 17 поени разлика, беше и на минус 15, но повторно успеа да се врати.
Голема помош имаше од Хјустон кој одигра слабо во третата четвртина кога имаше 14 нереализирани шутеви за три поени. Во второто полувреме погодија само една тројка од 21 обид и се гледаше дека им недостасува Крис Пол кој ги пропушти последните два натпревари во финалето на Западот.
Домаќинот утна 27 обиди за тројка во низа што е нов рекорд во историјата на плејофот.
Харден постигна 32 поени, но неговиот тим остана без шанса да се бори за шампионскиот прстен уште од 1995 година.
Кај „воините“ Дурант постигна 34 коша, но практично Хјустон сам се победи со епски 27 промашувања по ред во второто полувреме кога бргу ја загуби двоцифрената предност и дозволи пресврт.
Четвртата финална пресметка меѓу Голден стејт и Кливленд ќе почне во петок наутро.

Најнови вести