Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2015

Спектакуларен дуел: Харден 38, Кари 33, победа за Голден стејт

Кошаркарите на Голден стејт поведоа со 2-0 во финалната серија на Западната конференција на НБА-лигата.

Во одличниот натпревар во Оукленд, Голден стејт славеше со 99:98, а шанса на својот тим да му донесе брејк пропушти Џејмс Харден, кој се сплетка во последните секунди и не го упати шутот кон кошот на домаќинот.
Во револверската пресметка, Харден беше подобар од најдобриот играч во регуларниот дел на првенството, Стефан Кари, но тоа е мала утеха за Хјустон рокитс. Харден натпреварот го заврши со 38 поени, десет скокови и девет асистенции, а посебно доминантен беше во втората четвртина постигнувајќи 17 од кошевите на својот тим.
Од друга страна, плејмејкерот на Голден стејт својот тим го предводеше со 33 поени и шест асистенции.
Домаќините до една минута пред крајот водеа со 98:90, меѓутоа, Хјустон успеа да ги искористи промашувањата на Голден стејт и да го направи натпреварот неверојатно возбудлив. Но, за нивна несреќа, феноменалниот Харден не успеа да им донесе триумф.
Од екипата од Оукленд, Богут постигна 14, Томпсон 13, а Грин 12 поени, додека во тимот од Тексас, Хауард забележа 19 поени и 17 скокови, а Џонс 12 поени.
Следните два натпревари на програмата се во Хјустон.

Најнови вести