Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2016

Кари со 13 тројки постави рекорд на НБА

Кошаркарите на Голден стејт го победија Њу Орлеанс во „Оракл Арената“ со 116:106, а Стефан Кари испиша нова страница на историјата на НБА-лигата.

Плејмејкерот на Вориорс постигна 13 тројки во дуелот со Пеликанс, со одличниот шут 13/17, и ја помести границата кога е во прашање бројот на погодени удари од далеку во еден натпревар.
Кари до овој натпревар го делеше рекордот со Коби Брајант и Донијел Маршал, а средбата со Пеликанс ја заврши со 46 поени. За прв пат оваа сезона постигна повеќе од 40 кошеви, односно 23 во кариерата.
Голден стејт во првото полувреме имаше плус 21, но гостите во третиот период успеаја да се вратат само на пола кош заостанување.
Кари и соиграчите во последниот дел забрзаа и без поголеми тешкотии ја забележаа петтата победа во седум натпревари.
Клеј Томпсон натпреварот го заврши со 24 поени, а Кевин Дурант додаде два помалку. Дрејмонд Грин постигна четири поени, 12 скокови и 11 асистенции.
Њу Орлеанс сè уште нема победа (0/7), а во неговите редови Антонио Дејвис забележа 22 поени и 13 скокови.

 

Најнови вести