Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2016

Дурант го одбра Голден Стејт, Гасол во Сан Антонио

Кевин Дурант својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Голден стејт со кој потпиша двегодишен договор (1+1) вреден 54.3 милиони долари.

Заштитниот знак на Оклахома во изминатите девет години потврди дека ја прифатил понудата на Вориорс, иако многумина тврдеа дека е најблиску до одлуката да остане во Тандерс или пак да се пресели во Бостон.
За 27 годишниот играч интерес покажаа уште и Сан Антонио и Ла Клиперс.
Доаѓањето на Дурант веројатно значи и дефинитивна разделба на тимот од Калифорнија со Харисон Барнс, кој ќе ја прифати максималната понуда од Далас.
Дурант во 2007 беше втор пик на Сиетел, во 2014 година беше прогласен за најдобар играч на НБА лигата, четири пати беше прв стрелец и седум пати беше учесник на ОЛ-стар викендот.
Гасол со Сан Антонио потпиша договор вреден 30 милиони долари. Тој на крајот на сезоната ќе има можност да го продолжи договорот со Сан Антонио или повторно да стане слободен играч.
Тимот од Тексас ќе биде четврти НБА клуб на 36 годишниот Шпанец. Шест години играше за Мемфис, а потоа за ЛА Лејкерс и последните две години за Чикаго, за кој минатата сезона постигна просечно 16.5 поени со 11 скокови.
Истите медиуми наведуваат дека легендарниот центар на Сан Антонио Тим Данкан е близу до одлуката да ја заврши 19-годишната кариера.
Данкан (40) има опција во договорот да настапува уште една сезона во која би заработувал 6,4 милиони долари.

Најнови вести